Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Неверојатно дрво дава 40 различни видови на овошје

Неверојатно дрво дава 40 различни видови на овошје 

Ова неверојатно дрво со повеќе бои произведува 40 различни видови…

[повеќе]

Погледнете како дупка во водата проголта цел декар земја со дрвја

Погледнете како дупка во водата проголта цел декар земја со дрвја 

Погледнете како дупка во водата проголта цел декар земја со…

[повеќе]

Ова е билката која го убива ракот за 16 часа (Видео)

Ова е билката која го убива ракот за 16 часа (Видео) 

Една билка може да се претвори во лек во борбата…

[повеќе]

Временска прогноза до крајот на неделата

Временска прогноза до крајот на неделата 

Во Македонија во среда претпладне ќе биде претежно сончево со…

[повеќе]

Ефикасна хербална козметика за коса

Ефикасна хербална козметика за коса  

Косата е венецот на убавината на секој човек. Како да…

[повеќе]

Жен-шен (Panax ginseng СЕ. Mey)

Жен-шен (Panax ginseng СЕ. Mey)  

Жен шенот расте во листопадни и четинари шуми. Пренесен е…

[повеќе]

Бршлен

Бршлен  

Латинското име му е „Hedera helix“, а популарно уште го…

[повеќе]

Камшик (Agrimonia eupatoria)

Камшик (Agrimonia eupatoria) 

Камшик (Agrimonia eupatoria) во античките времиња се сметаше за едно…

[повеќе]

Погледнете која машина е најголемиот уништувач на дрвја

Погледнете која машина е најголемиот уништувач на дрвја 

Погледнете која машина е најголемиот уништувач на дрвја:    …

[повеќе]

Здравствени придобивки од белиот бор

Здравствени придобивки од белиот бор 

Белиот бор може да се најде насекаде, во високите и…

[повеќе]

1 2 3

Морско прасе


Домашните морски прасиња или заморчиња се животни коишто припаѓаат на фамилијата Caviidae, род Cavia, и се чуваат како домашни миленичиња. Кај нас можете да ги набавите во продавниците на ПЕТ ШОП АМАЗОН И покрај нивното име, немаат никаква врска со море. Овие животни се глодари и имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.


Ова животно е припитомен вид (Cavia porcellus) на јужноамериканското морско прасе (семејство Caviidae). Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 cm. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките, а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување.

Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата. Ова животно може да има свиоци на неговото крзно или пак да биде со рамно крзно. За чување: -Женките првиот сексуален однос мора да го имаат пред да наполнат 8 месеци и да се породат пред да наполнат една година, пошто карлицата зараснува, и ембрионот т.е малечките (2-5 во просек) не можат да излезат по природен пат па ќе треба царски рез.


Кога чувате морски прасиња прифатете го ризикот дека ако чувате женка и мажјак, мажјакот е и тоа како сексуално активен уште на еднa месечна возраст. Верувајте не сакате да имаат предвремена бременост, а во никој случај не сакате вашата 1 годишна женка да остани бремена и тоа за прв пат. Ако ви требаат морски прасиња подобро е да вдомете некое и да биде среќно.


Ако имате едно морско прасе и сте решиле да вдомите уште едно, тогаш нивниот прв контакт нека биде на неутрална територија, морските прасиња бележат територија преку урината, како кучината, и тоа како ја бранат неа. Немојте да дозволите миленичината уште од прв ден да не се сакаат, пошто тоа ќе остане така.


За одржувањето хигена нормално потребно е на секои 3-4 дена менување на пилевината, во зависност колку морски прасиња чувате. Капење може еднаш месечно и тоа гледајте со бебешки шампон без многу хемикалии или некоја купка за интимни делови, редовно чешлање, пошто склони се кон митарење, и на секој 2-3 месеци сечење на ноктите, пошто многу брзо растат и често се кршат. Исто така предните запчина им се кршат но не е страшно пошто тие непрекинато растат, па немојте да споулавите ако го видете вашиот миленик со 1 заб. Ако го чувате во кафез нема потреба од камчина за да ги тријат забите, туку тие тоа ќе го прават од оградата на кафезот.

Исхрана! Зеленчук, краставици, магдонос, зелка, но никако марула. Марулата во себе има состојка која што го нагризува црниот дроб на морските прасиња. Многу луѓе се чудат зошто им умреле така одеднаш миленичината а тоа било предизвикано од т.н константно труење со марула. Овошје можете да давате но не во многу големи количини како зеленчук, малку јаболко, мандарина во зимно време, лубеница на лето многу малку банана пошто и шеќерот во поголеми количини влијае штетно врз нив. Прасињата се вегетаријанци не смеете ама во никој случај да им давате месо. Исто така не смеете да им давате млечни производи, тие предизвикуваат дијареа која е фатална за нив и тоа во многу краток временски период, од само 4-5 часа. Можете преку лето да им купувате и сено, кое е прочистено, наполнете го кафезот или аквариумот до врв и за 2 дена ќе го снема сеното а воедно и цело време ќе играат со него, нема глас да им чуете.

И за крај кога сме кај звуците слободно проверете по некои форуми ги имаат снимано гласовите што ги испуштаат животинчината и отприлика нивното значење. Најинтересно е т.н попкорн скокање, како пуканките. Тогаш се навистина среќни, пуштете ги нека трчаат по кревет и ќе се уверите во ова.

И последното, не ги пуштајте по дома, ако ги загинете сигурно се наоѓаат во корпата за отпадоци и гризат нешто. И внимавајте да не прегризат некој кабел, фатално е!

ПЕТ ШОП АМАЗОН

Powered by Web Agency


Powered by Web Agency

Powered by Web Agency

Powered by Web Agency

Facebook Like Box